Во Израел прв се вакцинираше премиерот Бенјамин Нетанјаху

by Fokus

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше првиот во Израел кој вечерва, во медицинскиот центар на болницата „Тел Хашомер“ во Рамат Ган, близу Тел Авив, се вакцинираше против новиот корона вирус со вакцината развиена од американската компанија „Фајзер“. Постапката во живо ја емитуваше државната телевизиска и радио компанија Кан.

Постапката за вакцинација „беше спроведена во живо, пред камери, за да може премиерот да биде пример за да ја инспирира пошироката јавност да се вакцинира“, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

 

 

Поврзани новости