723
Податоците за вакцината на „АстраЗенека“ не покажуваат општо зголемување на случаите на згрутчување, но ефектот од неа ќе продолжи да се следи, соопшти Светската здравствена организација.
„Вакцината против Ковид-19 на ’АстраЗенека’ продолжува да има позитивен профил на ризик, со огромен потенцијал за спречување инфекции и намалување на смртните случаи низ целиот свет“, се вели во соопштението на Светскиот советодавен комитет за безбедност на вакцините.