660
Експертите од Светската здравствена организација сметаат дека коронавирусот е можно да се проширил на луѓето преку јазовци и зајаци, кои биле продавани на пазарот во Вухан.
„Волстрит журнал“ пишува дека членовите на експертската група на СЗО сметаат дека е потребна натамошна истрага за да се идентификуваат пренесувачите на овие и другите видови.
Се уште не е јасен целосниот список на животни кои биле легално или нелегално продавани на пазарот.