Пандев прогласен за спортист на годината: Го остваривме сонот со пласман на ЕП

by Фокус

Агенцијата за млади и спорт вечерва на свечена церемонија ги прогласи најуспешните македонски спортисти за 2020 година.

Притоа, за најдобра спортистка е прогласена Вероника Костовска (карате), а за најдобар спортист Горан Пандев (фудбал), кој се обрати преку видео-врска, истакнувајќи дека со пласманот на претстојното Европско првенство бил остварен сонот на сите претходни генерации фудбалери.

– Жал ми е што не можам да присуствувам на оваа прекрасна вечер. Голема благодарност за наградата, која е заслуга на сите во репрезентацијата, а за мене ќе биде поттик да продолжам да го носам репрезентативниот дрес, што за мене е светост – порача Пандев.

Инаку, најдобра млада спортистка е Магдалена Божиновска (карате), најдобар млад спортист е Роберто Ацковски (карате), најуспешен спортист за лица со инвалидитет е Владимир Тркаљанов (шах), а најуспешен национален тим е Македонската фудбалска репрезентација.

Поврзани новости