Апасиев: Квазипатриотот Мицкоски ја прифаќа Тиранската платформа

by Фокус
Христијан Мицкоски, квазипатриотот кој ја преспа Преспа и чии пратеници стоеја до ѕидот кога се менуваше името Македонија, во надеж дека ќе стане идниот премиер, сега се согласил со сведување на државотворниот македонски народ на обична етничка заедница, само за да им удоволи на неговите идни коалициони партнери – националшовинистите од АА, реагира лидерот на Левица Димитар Апасиев.
„Овој човек, без око да му трепне, ја прифаќа Тиранската платформа и се нафаќа со целосна дејтонизација на Македонија (по примерот на Босна), како иден чекор кон кантонизација/федерализација на Републиката и нејзино згаснување. Секоја чест нехаризматичен мајсторе“, напиша Апасиев на фејсбук.
Оваа реакција е поврзна со предлогот за воведување на етничка заедница во личните карти, на што Левица се спротивставува, додека ДПМНЕ го прифаќа со услов да не стои придавката Северна.

Поврзани новости