СЗО против националистичко присвојување на идната вакцина против Kовид-19

by Fokus

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус го осуди „националистичкото“ присвојување на идната вакцина против коронавирус и се заложи вакцината да биде општа, вообичаена алатка која ќе му овозможи на човештвото да се бори против пандемијата.

-Националистичкото присвојување на вакцината не е добро. Не може да ни помогне. Потребен е глобален консензус за вакцината да биде јавно добро. На тоа, не треба да се гледа како на давање за добротворни цели. Тоа е и давање за себе, затоа што кога светот ќе се лекува и ќе се отвори, сите ќе имаат корист, рече тој на видео-форумот за безбедност во Аспен,

Постојат 26 кандидати за вакцини во различни фази на тестирање, вклучувајќи и шест „во добра фаза“, потврди директорот за итни случаи на СЗО Мајкл Рајан, изразувајќи умерена надеж за успех.

Поврзани новости