ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче немаат план како да се справат со кризата

by Fokus

Република Македонија е црна дупка во регионот и во Европа во однос на бројот на заразени и починати од корона вирусот. Граѓаните се оставени само на себе, а Заев и Филипче само ги бројат загубените животи и лажат дека епидемијата е совладана и дека состојбата ја имаат под контрола, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ никако да смислат план за справување со последиците од корона вирусот. Заев и Владата предводена од СДСМ немаат план како да се организира здравствениот систем. Додека сите бележеа пад на бројот на заболени и починати, во Македонија се зголемуваше нивниот број, а не знаат ниту како понатаму со оној т.н. есенски бран на корона.

Владата предводена од СДСМ нема план ниту за справување со економските последици кои произлегоа од корона кризата, а економските последици стануваат се повидливи од ден на ден.Извозот на стоки од државава во периодот јануари ‒ јуни падна за 24 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Заев и Владата предводена од СДСМ за само три месеци го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително Владата продолжува со ново задолжување.

Заев и Владата на СДСМ знаат да спроведуваат само лоши политики, а на граѓаните и на Македонија им е потребен план и стратегија за справување со  кризата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости