СЗО: Новата мутација на коронавирусот не е надвор од контрола, да се применуваат истите превентивни мерки

by Fokus

Шефот на СЗО за вонредни ситуации Мајкл Рајан регираше на изјавата на британскиот министер за здравство
Новата мутација на коронавирусот откриена во Велика Британија, која се шири побрзо, „не е надвор од контрола“, објави Светската здравствена организација, и притоа повика да се спроведуваа досегашните мерки на заштита.

-Имавме R0 фактор (стапка на размножување на вируси) многу повисок од 1,5 во различни периоди во оваа пандемија и го надминавме. Затоа, оваа ситуација не е надвпр од контрола во таа смисла, изјави шефот на СЗО за вонредни ситуации Мајкл Рајан на прес-конференција.

Тој реагираше на вчерашната изјава на британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, кој оцени дека „новиот вид на коронавирус е надвор од контрола“. Рајан процени дека иако вирусот „е малку поефикасен во смисла на ширење“, тој може да се запре.

-Мерките што во моментов постојат се добри. Треба да продолжиме да го правиме она што го правиме и досега. Можеби ќе треба да го правиме тоа поинтензивно и подолго време за да се осигураме дека можеме да го надминеме овој вирус, додаде тој.

СЗО вчера најави дека ќе се спроведат и нови истражувања за ефикасноста на вакцината против новата варијанта на коронавирусот, иако засега вели дека ништо не упатува дека ќе има разлика во однос на делотворноста.

Но, и покрај тоа, бројни земји во светот од вчера ги затворија своите граници со Велика Британија и (или) Јужна Африка, каде што се појави оваа друга варијанта на вирусот, за да се избегне понатамошно ширење на вирусот.

 

Поврзани новости