Филипче на покана на Борисов ќе оди на седница на влада во Софија

by Fokus

Министерството за здравство, информира дека министерот Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство  Костадин Ангелов денеска ќе присуствува на седница на владата на Република Бугарија. На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа  Северна Македонија да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во  Бугарија.

Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција. Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, нашата земја обезбеди вакцини против Ковид 19 и преку Ковакс механизмот. Во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.

Поврзани новости