Навални откри дека руски агент го затрул со „новичок“ преку долната облека

by Fokus 08:10
08:10

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека руски агент во август годинава го затрул со нервниот агенс „новичок“ преку неговата долна облека.

Откривањето на агентот, кој и припаѓал на елитната екипа за отрови во руската Служба за безбедност (ФСБ), се случило во телефонски разговор, откако Си-Ен-Ен и истражувачката платформа „Белингат“ ја открија оваа тајна единица.

- Advertisements -

Агентот не разговарал со службеник на Рускиот совет за национална безбедност како што мислел, туку со самиот Навални, кој едвај го преживеал труењето во август.

Навални веќе долго време му е трн во окото на претседателот Путин поради откривањето на корупција во високите ешалони на власта и водењето кампања против неговата владеачка партија „Единствена Русија“.

Истрагата на „Белингат“ и Си-Ен-Ен откри дека тимот за отрови на ФСБ од околу шест до 10 агенти повеќе три години го следел Навални. Откако идентификуваа поголем дел од тимот, Си-Ен-Ен и „Белингат“ се обидоа да стапат во контакт со нив и нивните претпоставени. Олег Тајкин, човек од тимот, им ја треснал вратата кога бил испрашуван од Си-Ен-Ен, додека другите не ни одговориле на повиците.

Токсиколозите консултирани од Си-Ен-Ен велат дека „новичок“, ако се нанесе во грануларна форма врз облеката, се апсорбира преку кожата кога жртвата почнува да се поти.

Поврзани новости