СЗО: 82 отсто од вакцините досега се дадени во земјите со висок или средно-висок стандард

by fokus

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, денеска изјави дека во светот се дистрибуирани повеќе од милијарда дози вакцини, но 82 проценти од вакцините се дадени на земјите со висок или средно-висок стандард.

Директорот на СЗО реч дека само 0,3 проценти од вакцините биле дистрибуирани во земји со ниски приходи.

– Тоа е реалноста, рече Тедрос на онлајн здравствена конференција, организирана од Португалија.

Тој додаде дека пристапот до вакцините е „еден од најголемите предизвици на пандемијата“ и оти јавното здравје е „основа на социјалната, економската и политичката стабилност“.

Поврзани новости