СВР Велес се демантира себе: Силувачот не бил наставник, туку шеесет и седумгодишен тренер

by fokus 13:01
13:01

Откако вчера излезе со соопштение дека наставник вршел обљуба врз тринаесет годишна ученичка во Кавадарци, во повеќе наврати, во рок од цели три месеци, СВР Велес денес се демантираше со ново соопштение.

Според последните податоци кои што ги доставија до медиумите, силувачот не бил наставник, туку тренер по стрелаштво на ученичката.

- Advertisements -

Б.П. (67) во повеќе наврати вршел обљуба врз ученичката, а последен пат делото го сторил пред два дена, околу 18 часот, по што родителите на девојчето го пријавиле во полиција.

Телефонски го контактиравме Верољуб Додевски, портпарол на Сектор за внатрешни работи Велес, со цел да појаснат како тренерот во првичното соопштение станал наставник, со што се предизвика паника во градот, па вознемирени родители бараа информации во кое училиште се случувала обљубата и за кој наставник се работи.

,,Се извинуваме за грешката, значи нашите колеги од кавадаречката полиција направиле ненамерен пропуст во известувањето вчера, а не СВР Велес. Значи, не се работи за наставник, туку за пензионер кој што давал часови по стрелаштво на ученичката’’ – изјави тој.

Надлежниот Основен суд Велес на тренерот му одредил триесет дневен притвор.

Вики Клинчарова

Поврзани новости