Четири лица го нарушиле јавниот ред и мир во дворот на средното општинско училиште Гостивар, по што две лица завршиле со телесни повреди.
Од СВР Тетово потврдуваат дека случајот кај нив го пријавил вработен во училиштето попладнево околу 16 часот. Според првичните сознанија, две лица вработени со други две лица кои не биле вработени во училиштето, во дворот на гостиварската гимназија започнале расправија која набрзо прераснала во физичка пресметка.
По пријавата, полициски излегле на местото на наршувањето, разговарано е со дел од учесниците во нарушувањето и се работи на расветлување на поединостите и кој се учествувал и кои се мотивите.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во изјава за „Фокус“ и неговата партија преку соопштение рекоа дека нападот има политичка заднина и реваншизам и извршители се активисти на ДУИ.