СВР Скопје го потврди двојното убиство во менувачницата во Кисела Вода кое се случило во 16:35 часот.
-Според првичните сознанија, две засега непознати лица, на чија што идентификација се работи, влегле во посоченото време во менувачницата во која што се наоѓал сопственикот на истата Г.А. (58) од Скопје. Во обид да извршат разбојништво и вооружени со огнено оружје, настанала, прво, физичка пресметка со сопственикот на менувачницата, по што Г.А. посегнал по пиштол и пукал во правец на напаѓачите кои починале на местото на настанот, велат од СВР Скопје.
СВР Скопје во соработка и координација со дежурен јавен обвинител работи на расчистување на случајот и по неговото целосно документирање, јавноста ќе биде благовремено информирана, соопшти СВР Скопје.