Помошникот министер на Јанкулоска доби отказ од МВР

by fokus 20:42
20:42

Небојша Стајковиќ, поранешникот помошник министер за информатика и телекомуникации на Гордана Јанкулоска, добил отказ од работното место во МВР. Отказното решение му било врачено деновиве, поради пропусти во работата за време на крвавиот четврток лани, велат полициски извори за тв 24.

Поради нефункционирањето на тетра системот кој требало да ги снима командите во УБК, БЈБ и Шестата управа, Стајковиќ беше суспендиран по 27 април. Од МВР ја потврдуваат информацијата.

- Advertisements -

Дисциплинската постапка за Н.С е завршена и работниот однос му е прекинат,“ – велат од МВР за Тв 24.

„Стајковиќ како раководител имал задача да го контролира работењето на тетра – системот за снимање на командите во МВР. Во полициската истрага било откриено дека истиот систем не работел три години.“

Поврзани новости