Шилегов: Кога ќе се воведат рестриктивни мерки против загадувањето и јас ќе се возам со автобус

by fokus

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека паркингот во Центар ќе биде поскап кога ќе се воведуваат рестриктивни мерки против загадувањето, а тогаш билетот во ЈСП ќе биде поевтин.

-На работа одам со својот автомобил, ретко со службениот автомобил. Во овој месец два пати имам отидено и пеш. Ќе бидам пример за граѓаните во моментот кога ќе почнат да се воведуваат рестриктивните мерки за загадувањето и ќе го користам градскиот превоз, рече Шилегов.

Поврзани новости