Агим ЈОНУЗ
Сите купуваат време! Зашто?!? За чисто брашно! Така децата одговараат кога се љути по дома. Кога имаш народ со филозофија дека не можеш да го дупиш онолку колку што тој може да издржи, тогаш се е изводливо и тоа – глат! Ми пречи една работа, а тоа е феноменот во шарената револуција кој се појавува, а е у целофан замотана ВМРО-вска филозофија. Се почесто на забелешките на масата која вели „а бе до кога ке се мотаме по улици без ефект“, реакцијата на СДСМ – овците гласи: „кјути бе, или си со нас, или си против“! Богами, „нече мочи ове ночи“! Ако се повикуваме на слободата на мислата, на изборот, на демократијата, на баба му гаките, секој има право да каже што го мачи! Нели!, еми „обаче“! Затоа, ајде да прошетаме по материјалот на блиското минато и да направиме рекапитулар.
На 17 Мај лани се случи „тад и никад“ собираљка после која до ден денешен, а тоа е година и кусур, се издуваа три шлепера свирчиња, се издудлаа триста вувузели, се испи реколта ракија и река пива, се испопцуја се што има мајки и сестри, ама на крајот сите си отидоа дома да гледаат фудбал со констатација „јебеш револуција, игра Шпанија“. Револуција?!? Знаете ли вие што е револуција?!? Револуција ти е друже – „идемо до краја,.. до јаја“. И на крај секој еден на улица што има три грама мозак се прашува зашто е тука! Пцуе и леви и десни, и позиција и опозиција, додека младите кои покажаа лавовско срце и гладијаторска храброст гледаат дека немаат грб да одат до крај кога ке се свртат и погледаат дека има повеќе сеирџии отколку соборци! Греота за младите за кои јавно изјавувам дека во мене – имат грб! А, имаат ли во оние што излегле со пудлици кои грицкаат семки и одвреме навреме ке дувнат во свирчето демек „и ја самтууу,. Хеллоуу“!
Енормно се зголемува бројот на „неопределените“. Се друго што ќе каже некој е труба драгачевка. За да биде иронијата уште поголема, а во немоќ да го оправда своето тапкање во место, СДСМ почнува таа се поголема незадоволна толпа да ја нарекува „неутрални“! Да се разбереме, разликата меѓу неутрални и неопределени е огромна. Неутралноста подразбира седење дома и драпање такво додека младите ставаат глава у торба и кречат се по Скопје. Неутралноста подразбира незаинтересираност, неизлагање на улица и став во смисла „ма баш ме заболе“ за се што се случува во државата. Од друга страна, ретко кој реално изнесува ставови и ја обсервира ситуацијата коректно. Тој ке примети дека Шарената револуција не е баш СДСМ!
Факат е дека Заев ја понесе на 17 Мај лани, ама факат е и дека Шарената револуција функционира со, ама и без Заев! Што ни кажува тоа? Треба да ви цртам? Тоа само значи дека еден дел во масата а која е се поголема гласно размислува во стилот „Море мрш у пизду материну Мурто, ама и Курто“! КАДЕ Е КОРМИЛАРОТ? Го има ли воопшто? Да! Го има во СДСМ. А, на улица? На улица сите се прашуваат како деца во школска спортска екипа „а утре ке имаме тренинг“? Наставникот им вели „после ке се договориме“. Револуција?!? Во една работа сепак ќе се согласам, а тоа е податокот кој вели дека неутралноста не води никаде. Ќе се согласам дека е своевиден кукавичлук. Неопределеноста е ниво над се. Тоа подразбира аналитичност која резултира со став. И неопределеноста е став.
Сигурен сум дека моите ставови изнесени во колумнава ќе предизвикаат реакции на улица меѓу шарените со кој сум секој ден. Ама, сигурен сум и дека многумина од нив кои размислуваат идентично како мене, а немаат петља да го кажат тоа се „пизди“. А пизди се затоа што едно мислат, друго зборат, трето прават. А тоа е синдромот на кубурата која македончето ја чува на појасот за не дај Боже. Ви текнува на скечот со Цацко од К-15? Ете, тоа се случува. Така јас мислам! Демократија бе. Отповикувањето на Претседателот на државата не помина во парламентот. А, имаше будали кои веруваа дека ке може тоа да се случи? Веројаатно немаше, ама имаше поединци кои сигурно мислеа (и успеаа) да покажат дека „еве бе, се тепаме у парламент за ваше добро“! Боже, кој ментален коитус, кога знаеме дека ни едните ни другите не смеат „да прднат“ без странците и нивната диригентска палица. Таа палица некако не им мафта баш најостро, ама не ни е потребен посебен диоптер да приметиме дека и на ни не им се брза со „увоџење реда“ зашто и тие нешто не се геостратешки расположени за мир и стабилност на Балканот. Зошто? Ало дечки, па треба ли Русите да се плашат за својот гасовод низ Балканот. Зошто би инсталирале Русите гас по нашите полиња и презеле надмоќ на полето на енергенсите? Се е „висока математика“ Се е „свирање курцу по улицама“. Во Македонија Ц-дур, во Србија Г-дур, а во Босна, Косово,… „Риголето“. Не си ни свесен народе колкава геополитичка лабораторија си. Едните за вежбање држава и демократија, а другите за вежбање дипломатија. А ти дувај у вувузели по улици и гледај по демонстрантките која каков газ има у хеланки!. Молам да не ми се лутат дамите у хеланки. Парафразирам.
Вистинската и револуција и еволуција полека ама сигурно преоѓа во рацете на граѓанскиот сектор. Стравот и болката и на левите и на десните е токму во можноста од појавување на оние кои ни Мурто веќе го сакаат а ни на Курто капа му симнуваат. Се јавува нова сила олицетворена во „Нинџа фарбачи“. Колку и да изгледа небулозно овој став, да потсетиме дека тоа е нова интернет генерација на која не може да му се продава ни Дедо Иљо Малешевски, а ниту пак Кумровец. Они бараат здрав пасош, ама да не биде бугарски (парафраза). А за здрав пасош, треба здрава држава. Браос бе момци, ви текнало дека државата го праи силен пасошот, а не пасошот државата.
Ја користам максимално привилегијата на имиџот и стилот на пишување колумни со говорен скопски јазик и ке вриснам гласно во етерот со прашањето „до кога ке има свирање курцу за јефтине паре“?!? Жива греота е тоа што му го направи оваа власт на народот, ама уште поголем грев е неалтернативноста, неспремноста.
Дезорганизацијата, некоцептуалноста, какофонијата, дудлањето пиштаљки без ефект по улици. А, ако додека ВМРО-вците евентуално ја читаат колумнава и се сладат на тоа што овде изнесувам ставови на несогласување со нивните политички противници, би сакал да ги потсетам дека јас сум сепак на улица и ке останам. Штета. Треба и ќе паднете! А познавам меѓу вас прекрасни луѓе. Штета! Не зајдовте, туку отидовте у неповрат. После ова, ќе ви треба време. И тоа ако даде Господ! За да може „денес над Македонија“ навистина сонцето убаво да се раѓа, ново сонце на слободата.