Апелација го доби предметот против Талески

by Фокус

Скопска Апелација денеска од Кривичниот суд го доби на понатамошно постапување предметот за градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески. Како што велат од Апелацискиот суд, пред да се одлучува треба да видат што содржи.

Инаку, судијата на претходна постапка, по повод предлогот на СЈО за определување на мерка притвор за Талески, определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена и се забранува тој да го напушти своето живеалиште без дозвола од Судот. Во спротивно, против него ќе се определи мерка притвор.

Поврзани новости