Стравот од специјален суд, своите не ги чува!

by lali 11:44
11:44

Стравот од специјален суд ќе ти направи да ги ставиш сите „твои“ во затвор за само да покажеш дека моменталното судство функционира и дека нема потреба од дополнително специјално одделение, создадено за тебе да те суди. И тоа е онаа грешка, кога нема да размислиш дека не секој би сакал ради твоите криминали, напредби и постапки да лежи во затвор и се жртвува за твојата слобода. Па како што беше, така и ќе продолжи, ќе организираш очајни исцинирани протести пред судовите за секој следен притвор (во очекување тоа да бидат екс министрите), за потоа ти пред нашата јавност, а и пред меѓународната заедница да демонстрираш „независност“ на моменталното судство.

Тоа тешко дека ќе помине, но не дека ќе успееш билокој да разубедиш да нема специјалн суд, туку дека ќе не можеш да ги разубедиш твоите дека се заштитени и дека нема да лежат, како и сите други останати што се уште ти се „лажно“лојални, а вклучени во било какви криминални дејствија. Двојче е привот од тие примери, но не и последен. Ти треба да бидеш последен во таа низа на општествено праведни хемотерапии со кои конечно ќе се стави крај на ракот од едно корумпирано криминално дејствување што ја узурпира декомратијата, правдата и секоја останат сегмент од Македонија.