Светска банка: Над 50 отсто од младите во Македонија се невработени

by fokus

]Светска банка објави интерактивна мапа која прикажува каде во светот има најголема стапка на невработеност меѓу младите.

Според неа, во Макединија дури 50,80 отсто од младите на возраст меѓу 15 и 24 години се невработени.

Светска банка прогнозира дека од повеќе од една милијарда луѓе кои ќе влезат на пазарот на сила наредната деценија, само 40 посто се очекува дека ќе успеат да најдат работно место кое сега постои.

Глобалната економија ќе мора да создаде 600 милиони работни места во наредните 10 години, за да успее да се справи со стапките на невработеност меѓу младите.

Поврзани новости