Утрово забранет влез за возила во поплавените села

by fokus

Специјалци утрово не дозволуваат да се влезе во автомобили во дел од поплавените села. Овој посебен сообраќаен режим беше најавен вчера, а е со цел да се обезбедат непречени услови за тешката механизација која треба да ги расчистува поплавените села.

Како што соопштија од МВР, со посебниот сообраќаен режим се предвидува граѓаните од село Арачиново кои се упатуваат кон Градот Скопје да не поминуваат низ Сингелиќ туку да ја користат скопската обиколница, а и граѓаните од селата Црешево и Стајковци кои се упатуваат кон Скопје исто така да ја користат скопската обиколница.

Од АРМ информираа дека во текот на вечерта на граничниот премин Блаце пристигнал конвој од КФОР во кој има осум инженериски машини кои ќе се ангажираат на терен онаму каде што се потребни.

Поврзани новости