Посебен сообраќаен режим за поплавените подрачја

by fokus

Со цел да се обезбеди непречена работа на механизацијата за санирање на штетите како и непречен дотур на храна, вода и лекови на жителите во населените места зафатени од поплавата во селата Црешево, Стајковци, Сингелиќ, Економија, Арачиново и другите околни населени места воспоставен е посебен режим на сообраќај.

Како што соопштија од МВР, со посебниот сообраќаен режим се предвидува граѓаните од село Арачиново кои се упатуваат кон Градот Скопје да не поминуваат низ Сингелиќ туку да ја користат скопската обиколница, а и граѓаните од селата Црешево и Стајковци кои се упатуваат кон Скопје исто така да ја користат скопската обиколница.

Од МВР апелираат до граѓаните на селата Арачиново, Стајковци и Црешево да ја почитуваат сообраќајната сигнализација како и наредбите од полициските службеници кои ќе траат до надминување на кризната состојба.

Поврзани новости