Американскиот претседател Барак Обама ги осуди нападите во Париз како „гнасен обид“ за тероризирање на невини цивили.
„Не се во прашање само нападите во Париз или францускиот народ, туку погодено е целото човештво“, истакна Обама во Вашингтон.
И генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со најостри зборови ги осуди терористичките напади во Париз. Тој има доверба во француските власти и сигурен е дека виновницшто дека се „варварски и кукавички терористички атентат“.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјавите ќе бидат изведени пред суд.
Советот за безбедност на ОН за нападите соопшти дека е со мислите со Париз: „Длабоко сум потресена од вестите и сликите кои стигнаа од Париз. Моите мисли во овие часови се со жртвите на очигледно терористичките напади, нивните најблиски, како и сите жители на Париз.“
И Водечките политичари на ЕУ и‘ ја изразија својата солидарност на Франција по серијата напади.
„Нашите мисли се насочени кон семејствата на жртвите, а нашата поддршка кон властите“, напиша претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц на Твитер, а слично и претседателот на ЕУ-Советот Доналд Туск и претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер: „Ние сме солидарни со Французите.“
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја увери Франција во поддршката на членките.
„Тероризмот никогаш нема да ја победи демократијата“.
Русија реагираше на сличен начин.
„Најдлабоко ги осудуваме нечовечките дела и подготвени сме да пружиме секаква можна помош во истрагата на злосторствата“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков во Москва.