Исламска држава ја презеде одговрноста за нападите

by Фокус 12:36
12:36

Исламска држава ја презеде одговорноста за вчерашните напади во Париз преку соопштение објавено на интернет.

Неколку часа пред тоа францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека терористичките напади во Париз биле организирани однадвор, со помош на лица во Франција.

- Advertisements -

Истрагата треба да го разјасни учеството на помошници и соучесници во Франција.

„Преземени се сите мерки заради заштита на нашите граѓани и нашата државна територија“, истакна Оланд. Во земјата е прогласена тридневна жалост, а за в понеделник претседателoт на државата свика вонредна седница на Конгресот, односно двата дома на Парламентот.

Според досега објавените информации во нападите загинаа 127 луѓе но бројката не е конечна. Според некои написи таа стигнува и до 160 лица. Повредени и ранети се над 200.

Светот се солидаризираше со Франција. Со пораки на утеха се јавија речиси сите светски лидери.

Поврзани новости