Светлата на Ајфеловата кула ќе бидат изгаснати на полноќ во спомен на жртвите од нападот во Стразбур

by fokus

Светлата на Ајфеловата кула ќе бидат изгаснати на полноќ, по локално време, во спомен на жртвите од вчерашниот напад во Стразбур, соопшти градоначалникот на Париз Ан Идалго.

Во соопштение до јавноста, Идалго изрази поддршка за семејствата на убиените и за сите жители на Стразбур.

Светлата на Ајфеловата кула, „симболот“ на француската престолнина, редовно се гаснат во чест на жртвите на терористичките напади во светот.

Поврзани новости