Фоторепортерот на „Фокус“, Томислав Георгиев добитник на наградата „Жан Моне“ за репортерска фотографија

by fokus

Фоторепортерот на „Фокус“, Томислав Георгиев вечерва ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија.

Наградата за надобра новинарска сторија ја доби Бојан Блажевски, а добитник на наградата за најдобра аматерска фотографија е Александар Ристовски.

Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија беа на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, а наградата за најдобра аматерска фотографија беше на темата „Нашата различност, наша сила”.

Наградите ги доделија евроамбасадорот Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне“, Надежда Гаче. Наградата „Жан моне“ ја доделува делегацијата на Европската Унија во партнерство со Советот за
етика во медиумите.

Поврзани новости