Денеска продолжи судскиот процес против очниот хирург Дејан Ставриќ, откако пред еден месец скопска Апелација ја укина пресудата за лекарот, кој доби една година затвор, дека наводно земал мито од 2.000 евра, за да посредува при добивање на инвалидска пензија и случајот го врати на повторно судење.
Наместо завршни зборови, како што беше највено, судијката Елена Илиевска Јосифовиќ ја продолжи доказната постапка во која како сведоци се појавија две докторки, членови на инвалидските комисии при ПИОМ. Тие дадоа свои искази и ја објаснија пред судот целата процедура за тоа како пациентите поднесуваат барање за инвалидска пензија, па се до начинот како се одобрува. Откако, тие како двочлена комисија ќе дадат позитивен наод, тогаш документите се праќаат на ревизија во Министерството за труд и социјала, каде одчучува комисија од 21 член, врвни специјалисти.
– Прво ги разгледуваме документите, каде работи, што работи, а подоцна пристапуваме кон разгледување на медицинските документи – какви се болести има, која е водечката дијагноза во случајот и врз основа на тие информации носиме негативен или позитивен наод. Кај нас немаме апаратура, за да ги прегледаме пациентите. Во случајот со прилепчанецот Ладо Кузмановски, тој добил позитивен наод, а мислам дека потврда за тоа му дале и од ревизионата Комисија, така што тој добил решение за инвалидска пензија – исткна Палоши Вудале, една од членовите на Инвалидската комисија.
Подоцна, да даде исказ беше повикана и доктор Гордана Пејовска, која ги повтори истите работи, од процедурата за поднесување за инвалидска пензија па се до нејзино одобнрување. Тие и двете нагласија дека оштетениот Кузмановски имал намалена работоспособност од 51 посто. Двете докторки, исто така потврдија дека не го познаваат доктор Ставриќ и никогаш немале никава лична комуникација со него.
Јавниот обвинител Трајче Пеливанов неколку пати досега истакна дека очниот хирург Ставриќ, парите кои наводно ги земал требало да ги подели со дел од лекаритево Комисијата. Но, тоа ја побива неговата тезата, откако докторките кои дојдоа да сведочат денеска потврдија дека немале никаква комуникација со него и не го познавале лично.
Утре продолжува судскиот процес против Ставриќ, каде што треба адвокатот на одбраната Светлана Савиќ и јавниот обвинител Пеливанов треба да дадат завршни зборови за случајот.