ЗНМ: Осуда на нападот кон новинарот Тричковски

by Фокус

Од Здружението на новинари на Македонија ја информираа јавноста дека најостро го осудуваат палењето на возилото на новинарот Бранко Тричковски и бараат од надлежните државни институции веднаш да ги најдат сторителите и најостро да ги казнат.

-Уништување на имотот на новинарот Тричковски има за цел да внесе страв и несигурност меѓу новинарите. Овој вандалски чин насочен кон колегата Тричковски е продожување на политиката на неказнување на насилстовото против новинарите. ЗНМ од 2011 година до сега регистрираше 17 инциденти во кој новинарите се жртви и досега ниеден од нив нема судска разрешница. Ова несанкционирање само ги охрабрува напаѓачите да продолжат со ваквото однесување и надлежните институции ги става во улога на соучесник. Дали е потребно да се загрози животот на некој новинар, надлежните институции сериозно да ги сфатат овие закани. Во Македонија слободата на изразување е загарантирана со Устав а надлежните институции се должни да го заштитат ова право, се вели во соопштението на ЗНМ.

Автомобилот на Тричковски беше запален завчера, а откако го пријавил инцидентот во полиција, оттаму побарале и да ги достави сите докази за заканите кои ги добива во последно време.

Поврзани новости