Сведоци на инцидентот во Марино велат дека ги следаат и дека им се закануваат

by fokus

На заканувачки пораки и притисоци се жалат очевидци кои присуствувале во дискотеката во село Марино во саботата вечерта кога беше избоден полицискиот службеник Филип Филиповски.

Двајца сведоци за ТВ24 тврдат дека во близина на нивните домови биле видени браќата Цветковски, осомничени за нападот.

-Вчеравечер околу 18 часот забележани се синовите на Звонко Цветковски како се движат покрај нашите куќи и улици. Исплашени сме – тврди еден од сведоците кој сака да остане анонимен.

Друг очевидец вели дека на телефон добил заканувачки пораки од другар на браќата.

Од МВР велат дека истрагата е во тек и дека се земени изјави на сведоци.

Таткото на избодениот Филип прашува како е можно по распитот осомничените да бидат пуштени на слобода.

 

Поврзани новости