Македонски државјанин пронајден мртов по пожар во Италија

by fokus

49-годишен македонски државјанин е пронајден мртов по пожар што избил во угостителски објект во близина на Кротоне, Италија. Италијанските пожарникари го нашле изгореното тело откако го изгаснале пожарот во ресторанот, објави порталот „Зум 24“. 

Според неофицијалните информации, најверојатно македонскиот државјанин бил вработен како чувар во ресторанот. На лице место пристигнале и полицијата, а екипата од брза помош можела само да констатира смрт на 49-годишното лице, кој бил познат под името Антонио.

Полицијата испитува како настанал пожарот.

Поврзани новости