Сузана Спасовска неутешна: Се договаравме како пензионери да си одиме на салата и ракија

by Fokus

На градските гробишта Бутел денес беше погребан композиторот, инструменталист и првенец на Националниот ансамбл ,,Танец”, Милан Завков, кој ненадејно почина на 61-годишна возраст. Пред погребот во фоајето на НОБ се одржа комеморација за скромниот уметник, на која со него се простија неговите блиски роднини и колегите.

Фолк пејачката Сузана Спасовска, која со години наназад е дел од „Танец“ скршена од тага раскажа дека со Милан често си зборувале дека за неколку години треба да одат во пензија. На шега си кажувале дека ќе се посетуваат, да се напијат ракија и да замезат салата, очекувале дека ќе ги минуваат пензионерските денови мирно.

Таа и вчера емотивно се обрати на својот официјален профил и порача дека Милан многу ќе и недостига.

-Миланче, душо моја, другар мој, колега, каде замина одненадеж? Нели денес ќе си пиевме кафе на нашата клупа како и секое утро? Како без тебе сега? Со кого од срце ќе се смеам и ќе си кажуваме спомени? Мики, нели заедно ќе си одевме во пензија? Каде побрза Мики, каде??? Незнам ни како да помислам, дека веќе нема да те видам… Премногу ќе ми недостигаш !!! Бог нека ти ги отвори рајските порти драг, Маестро Милан! Почивај во мир! Слава ти!-напиша Спасовска.

Завков зад себе остави богата музичка ризница и хитовски песни за голем број на наши музичари, со кои тие изградија кариери на естрадата.

Поврзани новости