Суспензија за вработениот кој од амбулантно возило вееше вмровско знаме

by Фокус 13:54
13:54

Откако во јавноста се појави снимка на која јасно се гледаше дека за партиски цели се злоупотребува возило на прилепската болница, односно од него се вееше знамето на ВМРО-ДПМНЕ, се огласија од болницата. Го потврдија скандалот, истакнувајќи дека лицето кое го веело знамето е суспендирано.

„Против лицето кое истакнало партиско знаме се преземени соодветни мерки согласно законите на Република Македонија и е суспендирано од неговото работно место до завршување на постапката“, се наведува во соопштението на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп.

- Advertising -

Сепак од болницата не прецизираат на кое работно место бил вработениот кој го вееше знамето, ниту пак одговорија кој ја дал наредбата службеното возило да се користи како подвижна реклама на владејачката партија.

Со реакција се јави и министерот за здравство Никола Тодоров кој ја потврди суспензијата на лицето што го возело амбулантното возило.

Сепак, од извори во прилепската болница дознаваме дека суспензијата се уште не е стапена во сила. „Фокус“ ќе продоложи да го следи случајот.

Поврзани новости