566
Раководството на МЖ Транспорт попладнево почна да им дели суспензии пред отказ на сите машиновозачи кои веќе четврти ден штрајкуваат и го бојкотираат железничкиот сообраќај, јавува телевизија Телма. Тие добија решенија за отстранување од работа во кои се вели дека ќе земаат 50 отсто од платата исплатена претходниот месец се додека не се донесе одлука да добијат отказ.
Директорот на државното претпријатие, Никола Костов, ваквата санкција ја најави за време на денешното потпишување на колективниот договор со останатите синдикати во МЖ Транспорт.
-Согласно Законот за работни односи, санкциите предвидуваат суспендирање, а за недоаѓање на работа три дена следува престанок на работниот однос, рече Костов.