Министерот Попоски ќе се сретне со неговиот грчки колега

by Фокус 20:16
20:16

Следната недела во Будимпешта грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, соопшти грчкото Министерството за надворешни работи. Средбата ќе се оствари на маргините на состанокот за енергетска безбедност во Централна и Југоисточна Европа.

Како што соопшти грчкото Министерство, Коѕиас во вторник ќе има одвоени средби со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на Македонија Никола Попоски, и со министерот за европски прашања на Турција, Волкан Бозкир.

- Advertisements -

 

Поврзани новости