Иванов прогласен за почесен граѓанин на Пустец

by Фокус 19:28
19:28

Претседателот Ѓорге Иванов при денешната посета на македонската заедница во Албанија, беше прогласен за почесен граѓанин на општина Пустец,  пренесува МИА.

-Ние Македонците во Албанија сме лојални граѓани и сме добар пример како треба да се почитува државата во која живеат и како со нашите минимални можности се бориме што подобро да го развиеме местото и државата каде живееме, изјавил градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, кој на Иванов му ја предал плакетата за почесен граѓанин.

- Advertisements -

Претседателот Иванов порачал дека овој регион со своите природни убавини и Преспанското Езеро, треба да ја зголеми туристичката понуда за да привлече туристи.

 

Поврзани новости