451
Познати се имињата на двајца од дваесетината суспендирани лица како резултат на случувањата во Собранието на 27-ми април.
Од МВР потврдија дека суспендирани се началникот на централните полициски сили на МВР, Горан Ѓорѓиевски Зољата и Митко Пешов, главен раководител на одделот за посебни единици во полицијата.
Временото оддалечување од работата додека траат дисциплинските постапки против двајцата е потпишано вчера попладне, по што им било врачено на двајцата функционери.
Со извештајот на работната група е потврдена серија пропусти на МВР и полицијата по собраниските инциденти.