656
Највозрасната сурогат мајка во земјава, на 51 година на свет донесе близнаци и се породи во Болница „Плодност“. Оваа интересна и необична приказна се однесува на мајкат сурогат за сопствената ќерка, на која и била извадена матката на само 16 годишна возраст, информираат од „Плодност“.
-Мајката, веќе три години беше во менопауза. Неа, тимот на болница „Плодност“ најпрво и го врати месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки, и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез. Мајката лесно ја поднесе бременоста и носењето на близначињата, велат од „Плодност“.
Оттаму додаваат дека оваа приказна е толку ретка, необична и можеби единствена на овие простори.