550
Зад срамната, незаконска и неуставна одлука за аболиција на Ѓорге Иванов стои Никола Груевски, обвини координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески.
-ВМРО-ДПМНЕ лажно изјавуваше дека не се согласува со одлуката на Иванов. Денеска уште еднаш го потврдија спротивното, се е договорено и спроведено по нарачка на Груевски, кој преку нарачаната аболиција го држи појасот за спасување од кривично гонење за него и неговите соработници – рече Сугарески.