Ние сме за избори на 11 декември и бараме веднаш да се свика итна седница на Собранието, бидејќи сме влезени во законските рокови за распишување на избори, рече денеска пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески на прес конференција.
-Бидејќи бараме итна седница уште во текот на денешниот ден, за сите овие работи слободно нека дадат предлог коалиционите партнери, согласно мнозинството кое го имаат во ова Собрание, можат да стават на дневен ред уште денеска сите овие проблеми да бидат разрешени и до полноќ Собранието да биде распуштено, рече Сугарески одговарјќи на новинарско прашање што со законските измени што ги бараше СЈО.
Тој додаде дека СДСМ е за избори меѓутоа никогаш нема да дозволи уште едни криминални избори да бидат организирани во Македонија како претходните неколку циклуси.