Судскиот совет на денешната седница им дозволи на новинарите да ја следат работата, но на камерманите им беше дозволено да го снимаат само воведниот дел, а потоа од нив беше побарано да ги исклучат камерите и да ја напуштат седницата.
Ова на новинарските екипи им го соопшти новиот претседател на Судскиот совет Сашко Георгиев, кој тврди дека одлуката за исклучување на камерите е едногласно донесена на колегиум за време на кратката пауза што ја даде.
„За јавноста, пред сè, и за сите нас, ќе споменам само дека од краткиот колегиум што го имавме сега со колегите, а особено по однос на точката на дневен ред, каде што ќе расправаме по претставки и поплаки од страна на граѓаните и правните лица, по однос на работењето на судиите – јавноста ќе остане тука присутна, а камерите, можеме да завршиме, и да ја напуштат седницата. Тоа е едногласна одлука од страна на колегиумот што го имавме. Сè во врска со работењето, условите за работењето, а воедно и за точката на дневен ред, каде што ќе дискутираме за поплаки и претставки од граѓаните во однос на работењето на судиите. Јавноста е присутна, но камерите, ве молам, ќе мора да нè оставите да работиме“, рече Георгиев.
Поранешната ппретседателка на Судскиот совет Весна Дамева реагираше дека таа не била повикана и дека е против исклучување.
„Извинете, претседателе, јас не знаев дека има колегиум. Јас не бев повикана на колегиум, морам да реагирам. Меѓутоа, ако тоа е ваша едногласна одлука, во ред“, рече Дамева, која реагираше дека јавноста има право да знае како
Георгиев ги праша колегите дали да се исклучат камерите, а член на Советот рече да се продолжи со работа, без произнесување. Тој повоторно кажа дека тоа не е од него како претседател туку дека само пренесува заклучоци од Судскиот Совет.