Судскиот совет ќе ги провери сомнежите за корупција на австрискиот амбасадор

by Fokus

Судскиот совет формирал работни групи за увид во списите во предметот што се воделе за австриската фирма за која реагира австриската амбасада. Австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас вчера преку австриската амбасада побара смена на судии и обвинители кои постапувале во спор меѓу австриска и валандовска компанија и обвини дека Австријците не можат да наплатат долг од 4,5 милиони евра, иако за тоа постои пресуда на Меѓународниот арбитражен суд во Виена.

Членовите на сускиот совет сметаат дека незадоволството на амбасадата е насочено кон Јавното обвинителство.

„Од содржината на примениот допис членовите на Советот на работен состанок констатираа дека повеќето од наводите се однесуваат на незадоволство од постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија. Од работната средба произлезе заклучок дека наводите во известувањето ќе бидат проверени од страна на координаторите на Основниот суд во Гевгелија и на Апелациониот суд во Скопје, со непосреден увид во списите на предметот, дејствата преземени од страна на судовите и евентуално донесените одлуки. По направените посети и увид, Судскиот совет ќе изготви извештај по што ќе продолжи со преземање конкретни дејства за следењето на предметот внимавајќи да не влијае на одлуките на судот“, велат од Судскиот совет.

Според Законот за судовите, испитувањето и контролата на одлуките на пониските судови ја врши повисокиот суд, потсети Судскиот совет.

Инаку, австрискиот амбасадор до Судскиот совет испратил поднесок со наслов известување, а во прилог и исечок од објавен текст во  неделникот Фокус.

Поврзани новости