Судски совет пред Уставен ќе бара поништување на законите со кои се стопираше покачувањето на платите на судиите

by fokus

Судскиот Совет поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

– Поаѓајќи од својата уставна положба и законски надлежности, Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судството и како орган кој е должен да ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд на Република Северна Македонија со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Судски совет.

Оттаму дополнуваат дека и во наредниот период, како што наведуваат, „останува на заложбата за независна и самостојна судска власт и секогаш кога во ситуација ќе бидат нарушени овие постулати, ќе презема дејствија за заштита на истите“.

Поврзани новости