Газдата го нападнал музичарот што свирел во Марино и му го скршил инструментот

by fokus

Скопјанец кој свирел во угостителски објект во село Марино, пријавил во полиција дека сопственикот на објектот го нападнал и му го скршил инструментот.

-На 3.3.2024 во 00.30 часот во СВР Скопје, К.Т.(29) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во скопското село Марино, по претходно недоразбирање, бил физички од сопственикот на објектот, кој му го оштетил и музичкиот инструмент, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости