Судски совет не поведе постапка против Добрила Кацарска

by fokus

Судскиот совет на Република Македонија, нема да поведе постапка за утврдување на одговорност против судијата Добрила Кацарска, за изјавата дадена од обвинителката (сведок) Лиле Стефанова, во случајот „Рекет”, дека таа вршела притисок за предметот „Империја”.

– Заради заштита на личноста и интегритетот на судиите, Судскиот совет на Република Северна Македонија во врска со поднесеното барање  од судијата на Основен кривичен суд Скопје Добрила Кацарска, кое се однесува на дадениот исказ во својство на сведок од страна на јавниот обвинител на Основно јавно обвинителство – Радовиш Лиле Стефанова во постапката по предметот со кодно име „Рекет“ ја известува јавноста дека пред Судскиот совет на Република Северна Македонија досега не е поведена постапка за утврдување одговорност, ниту пак е поднесена претставка против судијата Добрила Кацарска за конкретниот случај, се вели во соопштението на Судскиот совет.

Претседателот на Судски совет, Киро Здравев, во понеделникот изјави дека на 31 јануари до Судски совет, е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Според претседателот Здравев,  оваа е првпат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност.

Поврзани новости