Судот во САД не и дозволи на Првата црква на канабисот да ја користи марихуаната за причест

by fokus 12:11
12:11

Суд во САД отфрли барање на Првата црква на канабисот, којашто настојува да се признае марихуаната за причест.

Барањето се разгледува три години, но процесот завршил на 6 јули. Првата црква на канабисот тврдеше дека марихуаната треба да се смета за причест според законот на сојузната држава Индијана за верските слободи.

- Advertisements -

Во својата аргументација, судијката Шерил Линч изјави дека склоноста Црквата кон канабисот не може да се смета за практикување религија. Таа додава дека создавањето можности за незаконско поседување и употреба на марихуана, би било штетно за општеството.

Адвокатот на Црквата најави жалба по пресудата.

Поврзани новости