Претепаното бебе се уште е во животна опасност

by fokus

Здравствената состојба на 14 – месечното новороденче кое со повреди по телото пред два дена неговата мајка го донела во Ургентен центар, е релативно стабилна, информираат за МИА од Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување-КАРИЛ.

Од Клиниката посочуваат дека бебето самостојно дише, не е на апарати, но се уште е во животна опасност. Тоа има и скршеници на потколениците.

Во меѓувреме продолжува полициската истрага за да се утврди кој го претепал бебето.

Поврзани новости