405
Суд во САД отфрли барање на Првата црква на канабисот, којашто настојува да се признае марихуаната за причест.
Барањето се разгледува три години, но процесот завршил на 6 јули. Првата црква на канабисот тврдеше дека марихуаната треба да се смета за причест според законот на сојузната држава Индијана за верските слободи.
Во својата аргументација, судијката Шерил Линч изјави дека склоноста Црквата кон канабисот не може да се смета за практикување религија. Таа додава дека создавањето можности за незаконско поседување и употреба на марихуана, би било штетно за општеството.
Адвокатот на Црквата најави жалба по пресудата.