Судот повторно ќе одлучува за притвор на Грујовски

by fokus

Судија на претходна постапка повторно ќе одлучува по барањата на Специјалното јавно обвинителство за притвор на Горан Грујовски и мерките за претпазивост против останатите осомничени во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и ексминистерката Гордана Јанкуловска.

Ова следува откако Кривичниот совет уважи жалбата на СЈО и ја укинал претходната одлука на судијката Александра Поп-Стефанија.

Таа претходно ги отфрли барања на СЈО за притвор и мерки на претпазливост и ја оспори надлежноста на СЈО за предметот „Тврдина“ .

Во овој предмет на СЈО, началникот на петтата управа на УБК и останатите четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска се товарат дека уништиле два системи од незаконското прислушување, вредни 10 милиони евра.

Поврзани новости