Судот на Јанева и одреди и мерки за претпазливост

by fokus

Апелацискиот суд, освен куќен притвор на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и определи и мерки за претпазливост, односно забрана да комуницира со лицата опфатени во случајот „Рекет“.Tаа не смее да ја напушти земјава, ниту со лична карта, и го одзеде пасошот и има забрана за издавање на нов.

Од Апелација за Фокус, велат дека за да ја донесат оваа одлука ја имале предвид здравствената состојба на Јaнева, тоа што три месеци поминала во притвор, истрагата е завршена и има обвинение, па нејзиното присуство може да се обезбедува и со поблага мерка.

Јанева нема да се врати во Гевгелија, туку домашниот притвор ќе го издржува во станот на нејзиниот син. Претходно Јанева престојуваше во изнaјмена куќа за која месечно се плаќаше по 400 евра. Судењето за Јанева ќе почне на 3 декември.

Поврзани новости