Судот ќе размисли дали да му го одземе пасошот на Мијалков

by fokus 18:46
18:46

Кривичниот суд потврди дека денеска на распит се појавиле поранешниот директорор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, екс-шефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски и поранешен помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ.

Тројцата дале исказ за случајот „Трезор“ во кој се осомничени од страна на Специјалното јавно обвинителство.

- Advertisements -

Од СЈО за тројцата бараат судот да им изрече мерки на претпазливост, односно да им се одземат пасошите. За одлуката на судијата на претходна постапка, од судот велат дека дополнително ќе информираат.

-Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за определување мерки за претпазливост за три лица опфатени во предметот на СЈО, во јавноста познат како „Трезор“, во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, пред судија на претходна постапка денеска дојдоа трите лица кои во присуство на нивен бранител и претставник на СЈО се произнесоа во врска со предлогот. По донесување на одлука на судијата на претходна постапка, јавноста ќе биде дополнително информирана- стои во соопштението од Кривичниот суд.

Претходно, за првоосомничениот во „Трезор“, Горан Грујовски, барањето на СЈО за притвор беше одбиено.

Инаку, според СЈО, осомничените преку фирмата „Финзи“, со која во еден период управувал сега починатиот Коста Крпач, набавувале опрема за УБК и го оштетиле буџетот за 862.045 евра.

Поврзани новости